ВМРО-ДПМНЕ распали по СДСМ: Вие и спортот - зима и пустина

 

„СДС и грижа за спортот? Тоа е како да зборуваме за зимата и пустината – едно со друго е во тотална спротивност. 

Дека СДС биле на страната на спортот, знаеме само од бајките што самите си ги раскажуваат. Реалноста е сосема поинаква – спортот беше оставен во руини токму од СДС, а сега сакаат да глумат спасители“, велат од владејачката партија во писмено соопштение испратено до медиумите. 

Прво, ги прашуваме: 

Каде беше вашата грижа за спортот кога се фрлаа пари на фиктивни проекти додека клубовите тонеа? 

Дали заборавивте дека под ваша власт спортот стана приватна партиска прчварница, каде вашите „миленичиња“ добиваа милиони, а клубовите со вистински успех едвај преживуваа? 

Вашиот систем на ваучери беше скандалозен – едни добиваа се’, други – ништо. Токму затоа се воведува нов, поправеден систем, каде што се вреднуваат вистинските заслуги и потенцијал, а не партиската книшка. 

Не заборавајте го случајот со Каевски и Наумче Мојсовски, кога парите за ваучерите завршуваа во приватни џебови, наместо во развој на спортот. Ете таква беше вашата „грижа“ за спортот. 

СДС повторно користи спортот за евтин политички театар. Но, бројките се јасни: 

- Под ВМРО-ДПМНЕ, спортот се враќа на вистинските патеки. 

- Исплатите се транспарентни и базирани на заслуги, а не на „Партиско тефтерче на Заев.“ 

И за крај, министерот Ристовски нема да поднесе оставка. Но, ако некому му е потребна оставка, тоа е на СДС – за целата штета што му ја нанесовте на спортот и на Македонија. 

Спортот нема да биде ваш политички заложник. 

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради силен спортски систем – без корупција, без манипулации, без СДС!, стои во реакцијаата на владејачката партија.

20.01.2025 - 13:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега