Ужас во Скопје: 15 годишна девојка уценувана со интимна снимка

 


Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15 – годишна ќерка подолго од една година била во врска со лицето Ј.„Н“, кој без нејзино знаење снимил видео материјал од нивен полов однос.

-Според пријавеното, откако таа го известила дека сака да ја прекине врската, лицето ѝ упатувало закани и ја уценувало да не ја прекинува врската доколку сака видеото да не го објави на социјални мрежи, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

13.03.2025 - 16:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега