Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај

    08.07.2026 во 10:07

    Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад

    08.07.2026 во 10:03

    Утринска драма во Штип: Багер удрил во куќа додека семејството спиело

    08.07.2026 во 09:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај
    • Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад
    • Утринска драма во Штип: Багер удрил во куќа додека семејството спиело
    • Нападната малолетничка од „СОС Детско Село“
    • СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови
    • ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата
    • Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица се против полесно гласање на дијаспората
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Исплата на хуманитарна помош – Црвениот крст подели 11 милиони денари на настраданите во Кочани

    Исплата на хуманитарна помош – Црвениот крст подели 11 милиони денари на настраданите во Кочани

    02.03.2026 во 19:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На ден 27.02.2026 година Црвениот крст на РСМ изврши последна исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани, на 18 лица поделени во 2 категории, во вкупен износ од 11.200.000,00 денари.

    Исплатата на средствата е извршена врз основа на доставен список на повредени лица подготвен врз основа на втората евалуација на здравствената состојба на повредените лица и прогнозата за нивно понатамошно лекување, од страна на Комисијата на Министерството за здравство.

    Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 164.744.901.00 денари.

    Црвениот крст со цел поголема транспаретност и отчетност, подготви Извештај за фактичките наоди за состојбата со приливите и одливите на сметката на Фондот на солидарност,  за периодот од 16.03.2025  до 22.08.2025 година, кои се однесуваат за поддршка на настраданите од пожарот што се случи во Кочани на 16.03.2025 година.  Извештајот е објавен на веб страна на ЦКРСМ на следниот линк: https://api.ckrm.org.mk/wp-content/uploads/2025/10/Revizorski-izveshtaj-CKRSM-09-09-2025.pdf

     Во тек е подготовка на финален извештај за собраните и исплатените средства од Фондот на солидарност, кој ќе го опфати останатиот период и истиот ќе биде споделен со јавноста и сите заинтересирани страни до 15 март оваа година.

    Црвениот крст уште еднаш се заблагодарува на сите донатори што придонесоа  за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите лица и нивните семејства.

    Црвениот крст продолжува со своите активности на терен со акцент на обезбедување на психолошка поддршка за настраданото население во пожарот во Кочани преку Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка. 

    Прочитај повеќе

    Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај

    08.07.2026 во 10:07

    Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад

    08.07.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.