Иран обеси уште двајца демонстранти

Двајца мажи се обесени во Иран под обвинение за наводно убиство на припадник на армијата за време на протестите низ земјата. Мохамед Махди Карами и Сејед Мохамад Хосеини беа прогласени за виновни за „корупција во земјата“ за нивната наводна вмешаност во смртта на паравоен офицер.

Групите за човекови права тврдат дека биле осудени во „лажен процес“. Семејството на 22-годишниот Карами вели дека не смееле да го видат пред да биде убиен. Обвинителите тврдеа дека паравоениот офицер Рухола Аџамијан бил соблечен гол и убиен од неколку луѓе кои оддавале почит на една од жртвите на демонстрантите, јавува Би-Би-Си.

07.01.2023 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега