Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицковски, денес го означија почетокот на изградбата на канализационен систем за отпадни води во село Враништа, општина Струга. Според Хоџа, заштитата на животната средина значи и инвестиции во инфраструктура во помалите места, кои со години биле запоставени и без основни услови за живот. Само со рамномерен развој и опфат на сите можеме да направиме вистински зелен пресврт, додаде Хоџа.

 Станува збор за инвестиција вредна 91.427.969 денари милиони денари, целосно финансирана од МЖСПП преку Вториот повик од Унгарскиот кредит, со рок на реализација од 12 месеци. Проектот опфаќа изградба на комплетна примарна и секундарна канализациона мрежа, поставување ревизиони шахти и приклучоци за домаќинствата, како и обезбедување контролиран одвод на отпадните води. 

Реализацијата на овој проект значи трајно решавање на децениски проблем за жителите на Враништа, со што се намалува загадувањето и значително се подобруваат условите за живот и јавното здравје.

Exit mobile version