Создаваме ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за уредување на просторот во непосредна близина на трговскиот центар, каде се оформува модерна јавна зона – наменета за дружење, рекреација и квалитетно поминување на слободното време.
Во рамките на уредувањето се поставува современо детско игралиште од отворен тип, со безбедни и квалитетни реквизити кои ќе донесат радост за најмладите.
Просторот се збогатува и со фитнес справи на отворено, урбана опрема (клупи, маси и столчиња), корпи за отпадоци, како и целосно партерно и хортикултурно уредување, со што создаваме пријатна и уредена околина за одмор и дружење за сите генерации.
Благодарност до компанијата „Сити Плаза ДОО Скопје“, која е сопственик на Капитол Мол Скопје за нивната благородна донација, високата општествена одговорност и значајната поддршка во реализацијата на овој проект, што директно го унапредува квалитетот
на живот во нашата општина.
Продолжуваме посветено да го градиме Аеродром по мерка награѓаните – модерна, зелена и урбана општина во која секој има свое место.
- Приведени „рекордери“ на патиштата: Гостивар, Скопје и Делчево со најмногу возачи без дозвола
- Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство и АНБ
- Директор на ученички дом во Крива Паланка си пишувал прекувремени часови додека бил на одмор
- Инвестиција од 91 милион денари за Враништа: Мицкоски и Хоџа го означија почетокот на изградбата на канализационата мрежа
- Нова урбана оаза кај „Капитол Мол“: Општина Аеродром и „Сити Плаза“ градат модерно катче за граѓаните
- Кривична за охриѓанец кој вооружен се шетал низ центарот на градот: Пијан носел пушка од „Чинарот“ кон Богородица
- Масовна тепачка во Кичево: Деветмина уапсени, се тепале со ножеви и дрвени предмети
- ЈСП со важно известување за граѓаните


