Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.Т.(66) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. 

Пријавениот, како директор на општински ученички дом „Боро Менков” во Крива Паланка, во 2024 година додека бил на годишен одмор остварил 63 часа работа подолга од полното работно време, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 23.945 денари на штета на буџетот на установата.

Exit mobile version