Малите дела создаваат голема надеж. Никој не е заборавен!, напиша градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Во пресрет на најрадосната вест за нас христијаните, Воскресението Господово, најважно е таа радост да ја споделиме со другите, да си подадеме рака кога е најпотребно и да останеме заедно и во добро и во тешко, вели Ѓорѓиевски.

„Големи денови се пред нас, а човечката големина не се мери со зборови, туку со дела“, посочи градоначалникот.

Токму затоа, денес, Ѓорѓиевски заедно со неговите колеги, градоначалниците на Гази Баба и Ѓорче Петров, Бобан Стефковски и Александар Стојкоски, посетија неколку семејства од социјален ризик.

Им поделија пакети со прехранбени продукти и со едно мало внимание се обидоа да внесат топлина во нивните домови и да им ги разубат празничните денови.

„Да знаат дека не се сами.

Да знаат дека секогаш ќе има некој што ќе стои покрај нив и во радоста, но и во предизвиците.

Секој човек заслужува топол дом, мир и празнична трпеза.

И јас, онолку колку што можам, ќе бидам тука за мојот народ – со искрена намера, со грижа и со подадена рака.

Нека овие денови нè потсетат да бидеме подобри луѓе, да помагаме, да се разбираме, да пристапуваме со добрина и љубов, затоа што токму тоа е највозвишената човечка вредност.

Да менуваме преку хуманоста.

Да сте ми здрави и живи!“, нагласи Ѓорѓиевски.

Exit mobile version