Густ чад го покри Скопје, а од Водно скопската котлина едвај се гледа. Снимките од камерите покажуваат дека видливоста е значително намалена. Причината е чадот што ветерот го носи од повеќе активни пожари во скопскиот регион, но најмногу од планината Жеден кај село Бојане.

Од актигвните пожари денеска најсериозно е на Китка, каде што гори мешана шума на територијата на Студеничани и Зелениково. Во гаснењето е ангажиран и хеликоптер на МВР.

Но, огнената стихија не е само на Китка. Пожари има и во Илинден – кај Бујковци, како и во Сарај каде гори нискостеблеста шума и висока трева.

И мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат покажаа дека квалитетот на воздух е лош.

Од Институтот за јавно здравје, уште во петокот излегоа со мерки за намалување на изложеноста на чад:

-Ограничете го престојот на отворено кога воздухот е загаден со чад.

-Намалете ја физичката активност и избегнувајте интензивен физички напор, со што се намалува количината на вдишан загаден воздух

-Останете во затворен простор со што е можно почист воздух

-Држете ги прозорците и вратите затворени додека надворешниот воздух е загаден со чад.

Денеска активни се 5 пожари. Во Студеничани и Зелениково со крак кон село Палиград, каде пожарникарите имаа тешка ноќ со огнените стигии.

Вчерашниот ден се заокружува со 33 пожари. Иако бројката е помала, станува збор за потешки шумски пожари кои бидејќи се на карпест предел се значително потешки за гаснење.

Exit mobile version