Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против А.Ј. од Куманово, вработен во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
Според пријавата, на 22 април 2026 година, А.Ј. управувал моторно возило без положен возачки испит, при што возел и со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР.
Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола поднел и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.


