Утрово во 03:40 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода Д.А.(20) од Прилеп, С.Џ.(27) од Прилеп, С.Џ.(19) од Прилеп, Д.Р.(31) од Прилеп, Д.М.(18) од Битола, Е.М.(26) од Битола, М.Х.(22) од Битола, Ј.Х.(19) од Битола и Р.Х.(34) од Кичево. 

Тие се сомничат дека во 01:30 часот на Осломешка крстосница го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што биле употребени дрвени предмети и ножеви и притоа со расекотини и повреди се здобиле две лица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Exit mobile version