Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Инфлацијата паѓа, СДС шири паника“: ВМРО-ДПМНЕ со критики до опозицијата

    „Инфлацијата паѓа, СДС шири паника“: ВМРО-ДПМНЕ со критики до опозицијата

    12.08.2026 во 09:122 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Талогот на СДС со месеци гради наратив врз стравови, шпекулации, а и селективно молчи. Државниот завод за статистика ги објави официјалните податоци за во јули 2026 година, 2,3% на годишно ниво. Просекот на Европската Унија изнесува 2,9%. Со други зборови, опозицијата тврди дека земјава тоне економски, кога напротив бележи една од најниските стапки на поскапување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    -Движењето низ месеците дополнително ја разголува тезата на СДС како конструкција без покритие, март месец годинава инфлација 4,9%, малопродажни цени 3,4%,  април инфлација 5,7%, малопродажни цени 5%, мај инфлација 4,8%, малопродажни цени 5,6%, јуни инфлација 3,4%, малопродажни цени 3,6%, додека пак јули имаме инфлација 2,3%, малопродажни цени 1,8%. Од априлскиот максимум до јули, годишната инфлација е намалена за 3,4 процентни поени, што практично значи пад од близу 60%. Кај прехранбените производи, каде поскапувањето падна од 5,6% во мај на 1,8% во јули  намалување од 3,8 процентни поени за само два месеци. Во периодот март-јули 2022 година, кога економската политика ја кроеја токму луѓето кои денес се прогласуваат за “економски експерти”, просечната инфлација изнесуваше 12,34%, а малопродажните цени растеа со 12,1%. Денес, во истиот временски интервал, бројките се 4,22% и 3,88%. Разликата е речиси трикратна, тоа им смета на СДС, велат тие.

    Додаваат дека комбинацијата на пониска инфлација, растечки извоз, зголемено производство и намалена невработеност е доказ за конзистентноста во економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    -Не постои спин-стратегија што ќе ги избрише годините на нивно управување, годините на исцрпена каса, замрзнати инвестиции и стагнација. Токму затоа секој обид на СДС да зборуваат за економија денес е обид да побегнат од сопствената сенка. Можат да менуваат наративи секоја сезона, но не можат да станат економски експерти, со таква историја како нивната на управување, велат ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.