Чистењето на главниот град продолжува денеска со активности на повеќе од 50 локации низ сите скопски општини. Во акцијата ќе учествуваат локалните самоуправи, ученици и жители, со цел уредување на јавните простори и отстранување на отпадот од урбаните средини.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека ќе бидат опфатени паркови, улици, пешачки патеки, простори меѓу станбените згради и други јавни површини.
Според најавите, ваквите акции ќе се организираат двапати месечно, со очекување граѓаните активно да се вклучат и да придонесат за почиста животна средина.
Ѓорѓиевски порача дека целта не е само еднократно чистење, туку создавање навики за одговорно однесување и редовна грижа за околината. Тој упати повик до жителите да го чуваат градот и да не фрлаат отпад на несоодветни места.
Од Град Скопје информираат дека сите заинтересирани граѓани можат да ги добијат информациите за конкретните локации и начинот на учество преку општината во која живеат.


