Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На полноќ посакајте си желба и погледнете кон небото: Божјите врати се отвораат за да ви ја исполнат
    • Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца
    • Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола
    • Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја
    • Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
    • Граната од Првата светска војна пронајдена во рудник „Суводол“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хуманоста на дело: Стефковски покрена акција за самохрана мајка на три деца која живее во тешки услови

    Хуманоста на дело: Стефковски покрена акција за самохрана мајка на три деца која живее во тешки услови

    13.05.2026 во 16:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, објави почеток на хуманитарна акција за помош на Катерина, самохрана мајка на три деца и жртва на семејно насилство. Семејството живее во крајно тешки услови, без основни претпоставки за нормална егзистенција.

    Стефковски, заедно со Жаклина Пешевска и Дијана Илиевска, го посетија семејството и доставија првична помош во храна.

    „ХУМАНОСТА НЕ ПОВИКУВА! ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА!

    За жал повторно мораме да се потсетиме дека животот знае да биде суров… но и дека човечката добрина може да биде посилна од секоја болка.

    Катерина е самохрана мајка на три мали деца, жена која преживеала семејно насилство и денес се бори за гол опстанок. Во домот каде што живее со своите деца и очувот, нема основни услови за живот. Нема доволно храна, нема сигурност, нема топлина…

    Ова не е само приказна за сиромаштија. Ова е приказна за мајка која секој ден се буди со страв како ќе ги нахрани своите деца. За три мали ангели кои заслужуваат детство исполнето со љубов, насмевки и безгрижност, а не солзи и глад.

    Ја посетивме Катерина заедно со Жаклина Пешевска и Дијана Илиевска. Однесовме голема количина храна која ќе им помогне во следните денови, но знаеме дека ова семејство има потреба од многу повеќе — потребна им е надеж, сигурност и шанса за нов почеток.

    Затоа започнуваме хуманитарна акција со која, заедно со општествено одговорни компании и сите хумани луѓе, ќе се обидеме да го промениме животот на Катерина и нејзините три деца.

    Хуманоста не се мери со тоа колку имаме, туку колку сме подготвени да подадеме рака кога некому му е најтешко.

    Денес можеби токму нашата помош ќе биде причината некое дете да заспие нахрането, некоја мајка да почувствува дека не е сама, а едно семејство да добие надеж дека утре може да биде подобро.

    Да покажеме дека сè уште постојат луѓе со големо срце.

    Да бидеме причина за нечија насмевка.

    Да бидеме светлина таму каде што за жал во моментот владее темнина“, напиша во објавата градоначалникот Стефковски.

    Прочитај повеќе

    Утре без струја дел од Скопје

    18.08.2026 во 18:09

    Ѓорѓиевски: Заедно кога е најпотребно – исплатена финансиска поддршка за онколошките пациенти

    18.08.2026 во 17:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.