Close Menu
Press24
    Најново

    Хорор во трговски центар во соседството – 10 деца повредени на ескалатор, седум се со тешки повреди

    17.11.2026 во 17:05

    Министерот Клековски назначи нови директори на три клиники

    17.11.2026 во 16:51

    Морничаво откритие во Струмица: Копал во дворот и пронашол коски што наликуваат на човечки

    17.11.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хорор во трговски центар во соседството – 10 деца повредени на ескалатор, седум се со тешки повреди
    • Министерот Клековски назначи нови директори на три клиники
    • Морничаво откритие во Струмица: Копал во дворот и пронашол коски што наликуваат на човечки
    • Утре од 8 часот наутро ќе снема струја – Најавени исклучувања во пет општини
    • Трамп: САД ги проверуваат информациите за можен ирански план за напад со „валкана бомба“ во Вашингтон
    • Уапсен раководител во Дирекцијата за заштита и спасување за примање поткуп
    • Наскоро тендер за изведувач за доградба на зградите кај Ректоратот кои ќе ги користи ФИНКИ, најави министерката Јаневска
    • Тетово: 56-годишна жена тешко повредена откако во неа удрил автомобил на булеварот „Илинденска“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хорор во трговски центар во соседството – 10 деца повредени на ескалатор, седум се со тешки повреди

    Хорор во трговски центар во соседството – 10 деца повредени на ескалатор, седум се со тешки повреди

    17.11.2026 во 17:052 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Десет деца на возраст од осум и девет години се повредени денеска во несреќа на ескалатор во белградскиот трговски центар „Галерија“, при што седум од нив се здобиле со тешки, а три со полесни повреди, потврди Службата за итни случаи во Белград за Н1 Србија. Сите повредени деца, пет момчиња и пет девојчиња, се пренесени во Ургентниот центар.

    Инцидентот се случил околу 14:35 часот, а на местото на настанот веднаш биле упатени пет екипи на брзата помош откако повикот бил примен во 14:33 часот. Според неофицијалните информации на порталот „Телеграф“, децата биле во посета на кино во придружба на наставник, а дел од нив претрпеле фрактури на бутната коска (фемур) и повреди на главата.

    За причините за несреќата засега постојат две различни верзии во српските медиуми. „Телеграф“ наведува дека до инцидентот дошло откако врвките од чевлите на едно од децата се заглавиле во механизмот на ескалаторот, по што тоа паднало и предизвикало верижен пад на децата зад него. Од друга страна, агенцијата Танјуг објави дека ескалаторот ненадејно застанал, па повторно тргнал, при што повеќето деца поминале со полесни повреди.

    На објавените снимки во медиумите се гледаат лекарски екипи како на носилки ги изнесуваат повредените деца кон амбулантните возила. Точниот степен на повредите ќе биде утврден по деталните болнички прегледи.

    За случајот е известено Првото основно јавно обвинителство во Белград, чиј претставник излегол на терен за да изврши увид и да ги утврди околностите. Трговскиот центар „Галерија“, отворен во октомври 2020 година, е дел од комплексот „Белград на вода“, проект реализиран од компанијата „Игл Хилс“ од Обединетите Арапски Емирати.

    Прочитај повеќе

    Познат идентитетот на загинатиот српски пилот: Горан Булајиќ во 2014 со чамец спаси над 150 луѓе во Обреновац

    17.11.2026 во 12:18

    Нова затворска казна од 17 месеци за Хашим Тачи поради попречување на правдата

    17.11.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.