Холандија ги заострува граничните контроли
Холандија го заостри режимот на гранична контрола, потврдувајќи ја тврдата линија на новата десничарска влада кон имиграцијата и безбедноста. Оваа одлука, која беше најавена уште во ноември, има за цел да се бори против илегалната миграција и организираниот криминал, како што објавија холандските медиуми.
Претходно, Германија воведе гранични контроли, а Франција исто така почна да врши проверки. Проверките ќе ги врши Кралската воена полиција, која е одговорна за граничната контрола во Холандија.
Засега новите гранични проверки нема многу да се разликуваат од проверките што воената полиција веќе ги спроведува во пограничните области, пишува весникот „Ен Ер Се“.
Теоретски, граничната полиција ќе може да ги бара документите на секој што ќе ја премине земјата и да одбие влез на оние кои ги немаат потребните документи за посета или престој во Холандија, пишува весникот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа