Утрово во 03:55 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е Ј.С.(33) од охридското село Лескоец кој, управувајќи го своето патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и предизвикал сообраќајна незгода.
По извршено алкотестирање, полициските службеници кај него констатирале 1,79 промили алкохол во крвта како и дека возилото го управувал иако имал активна прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.
- Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
- Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
- Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
- Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
- Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
- Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
- Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
- Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи

