На 22.08.2026 година во 22:30 часот, на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Х. (25) и А.Х. (20), двајцата од село Идризово.

Тие биле приведени по пријава дека во маркет во Идризово агресивно се однесувале кон вработената, по што физички го нападнале и И.О. (41) од истото село, кој претходно им укажал да не се однесуваат така кон вработената. При нападот, според пријавеното, употребиле и тврд предмет.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Exit mobile version