Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хаос во Азија: Поради тропска бура над илјада загинати

    Хаос во Азија: Поради тропска бура над илјада загинати

    01.12.2025 во 19:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Спасувачките екипи од Индонезија, Тајланд, Малезија и Шри Ланка вложуваат големи напори да ги расчистат патиштата и да достават хуманитарна помош до населението погодено од тропската бура што однесе повеќе од 1.000 животи во Југоисточна и Јужна Азија.

    Индонезија, Малезија и Тајланд беа погодени од ретка тропска бура формирана во Малачкиот Проток, која една недела предизвикуваше обилни дождови и силни ветришта, отежнувајќи ги обидите за пристап до луѓето заглавени во свлечишта и високи поплавни води.

    Најмалку 176 лица загинаа во Тајланд, тројца во Малезија, а бројот на жртвите во Индонезија денеска се искачи на 502, додека 508 лица се водат како исчезнати, според официјалните податоци.

    Во индонезиската провинција Западна Суматра, денеска стотици жители расчистуваа кал, дрвја и урнатини од патиштата, а дел од населението се обидуваше да спаси важни предмети како документи и мотоцикли од разурнатите домови.

    Агенцијата за управување со катастрофи соопшти дека во Индонезија се оштетени повеќе од 28.000 домови, а засегнати се околу 1,4 милиони лица.

    Во Тајланд бројот на загинати денеска благо порасна на 176 во поплавите што зафатија осум јужни покраини, погодувајќи околу три милиони луѓе. Армијата мобилизира голем број припадници за евакуација на критични пациенти од болници и помош за жителите кои со денови беа блокирани од поплавите.

    Во соседна Малезија, 11.600 лица сè уште се наоѓаат во евакуациски центри, според националната агенција за катастрофи, која останува во состојба на готовност за втор и трет бран поплави.

    Во Шри Ланка бројот на загинати се искачи на 355, а се трага по уште 366 лица, покажуваат официјалните податоци.

    Властите соопштија дека железничкиот и воздушниот сообраќај се воспоставени, но училиштата остануваат затворени.

    – Многу е веројатно дека (бурата) ќе се придвижи кон север, подалеку од островот, и дополнително ќе ослабне – соопшти метеоролошката служба на Шри Ланка.

    Претседателот Анура Кумара Дисанајаке вчера изјави дека ова е првпат целата земја да биде погодена од ваква природна катастрофа, опишувајќи ја како „најголема и најпредизвикувачка“ во историјата на Шри Ланка.

    Циклонот за време на викендот донесе обилни дождови и во јужната индиска сојузна држава Тамил Наду, каде починаа три лица, изјави К. К. С. С. Р. Рамачандран, државниот министер за управување со катастрофи.

    Метеоролозите изјавија дека бурата, сега на 50 километри од брегот на Ченаи, главниот град на Тамил Наду, ослабнала во „длабока депресија“ и се очекува временските услови да се стабилизираат во следните 12 часа

    Прочитај повеќе

    Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“

    17.08.2026 во 23:21

    Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“

    17.08.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.