Груевски по смртта на Мазлум Хасан: Беше исклучително позитивна и ведра личност, пријателски расположен кон секого, многу добродушен човек
Мазлум Хасан, поранешниот градоначалник на Општина Центар Жупа, почина како последица од компликации од Ковид-19. Хасан почина на 52-годишна возраст.
Сочувство до семејството изрази и поранешниот премиер Никола Груевски.
-Замина Мазлум Хасан.
Мазлум беше исклучително позитивна и ведра личност, пријателски расположен кон секого, многу добродушен човек, секогаш спремен секому да помогне.
Беше одличен градоначалник на општината Центар Жупа, успешен бизнисмен и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој е уште една жртва на вирусот Covid-19 кој иако го затекна целосно здрав на 52годишна возраст успеа да го совлада.
Неговото заминување е непроценлива загуба за неговото семејство, за неговите роднини, пријатели, соработници, сограѓани, за турската заедница во Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ.
Ќе го паметиме како добар, комуникативен и способен човек и градоначалник, кој остави трага зад себе создадена од неговиот лик полн со позитивна енергија, неговата работа, делување и активности.
Нека почива во ми, напиша Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа