Груевски: Анкетните листови се доставени на време, ВМРО-ДПМНЕ да се извинат

Либерал-демократот Валентин Груевски објави дека анкетниот лист бил навремено доставен и побара извинување за кажаните вистини. Исто така објави и доказ фотографии за препорачаните пратки до ДКСК.

- Вчера на прес-конференцијата еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, објави податок дека не сум го доставил мојот имотен лист и дека можеби ја кријам мојата куќа во Битола и Ресен. Да не беше смешно, ќе беше жално, или пак обратно, вели тој.

Груевски додава дека куќата во Битола е изградена во 1985 година и е наследство од неговиот татко, а во неа живее со сопругата над 20 години.

- Куќата во Ресен, с. Курбиново, е со големина од цели 22 м2 и истата е 1/4 од стара куќа, градена пред 50-тина години. Наводно сум го скрил и Голфот, пријателите мои го знаат, произведен е 2009 година, вели тој.

26.10.2022 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега