Протест на камионските превозници предизвика застој на повеќе гранични премини низ земјата. Според последните информации, блокирани се клучните точки за влез и излез од државата, што го оневозможува нормалниот проток на стоки и патници.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Надвор од градските средини, интензитетот на движење на возилата е со умерен интензитет.

Од АМСМ апелираат за зголемена претпазливост при возењето. Се препорачува прилагодена брзина на движење и строго почитување на сообраќајната сигнализација.

Особено внимание е потребно на патните правци низ котлините и клисурите:

  • Катланово – Велес
  • Маврово – Дебар – Струга
  • Виница – Берово
  • Кочани – Делчево

На овие делници е зголемена можноста од појава на одрони.

Exit mobile version