Градоначалникот на Гази Баба до пензионерите: Ги заслуживте овие 2,500 денари
„После денешниот ден кога секој пензионер ќе добие покачена пензија за 2,500 илјади денари се е јасно дека разликата може веднаш да се направи. Многу често на моите настапи сум говорел дека вредноста во политиката не е тоа што политичарите ќе го кажат во време на изборната кампања туку откако ќе го реализираат она што го ветиле. Така да од мое лично име и од името на сите пензионери во Општина Гази Баба благодарност до премиерот и целиот негов тим што вложија напор во првите 100 дена да обезбедат покачување на пензиите за 2,5000 денари и на почетокот на 2025 година да се реализира и второто покачување“, истакна градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски при денешната средба со пензионерите во Општина Гази Баба.
Тој продолжи и додаде:
„Вие пензионерите заслужувате повисоки пензии со цел достоинствен живот. Вие сте едни од граѓаните кои ја граделе оваа држава и наша должна почит е да го реализираме она што го заслужувате“, укажа Стефковски.
Тој потенцираше дека како локална самоуправа имаат одлична соработка со здруженијата на пензионери.
„Како локална самоуправа и здружение на пензионери имаме одлична соработка. Во месец октомври отвораме три нови клубови на пензионери и тоа во Колонија, Маџари и Смилковци“, заклучи Стефковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа