36-годишен велешанец бил приведен откако се обидел да избега од полицијата при контрола на такси-возило во Велес. Според информациите од МВР, при обидот да му биде извршен преглед, тој почнал да бега, но полицајците набрзо го фатиле.
Инцидентот се случил на 11 октомври, околу 22:35 часот, на улицата „Благој Ѓорев“. При обидот за бегство, мажот проголтал бела прашкаста материја, по што бил пренесен во Општата болница во Велес за да му биде укажана лекарска помош.
По медицинскиот третман, тој бил приведен во полициска станица. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање се очекува против него да биде поднесена соодветна пријава.

