Американската администрација презема нови чекор за зајакнување на контролата и стратешкото одлучување во областа на вештачката интелигенција, со планираното преместување на тројца високи функционери од Центарот за унапредување на иновациите и стандардите за суперинтелигенција (CAISSI) во Белата куќа.
Како што јавува порталот „Информација“, повикувајќи се на извори од Белата куќа, оваа одлука доаѓа по предизвиците во координацијата меѓу институциите. CAISSI функционира како дел од Министерството за трговија за тестирање и оценка на безбедносните капацитети на најнапредните системи за вештачка интелигенција пред нивна примена.
Според достапните информации, тројцата функционери чии имиња не беа објавени ќе им поднесуваат извештаи на директорот на Канцеларијата за научна и технолошка политика, Мајкл Крациос, и на директорот за национална сајбер безбедност, Шон Кроскрос.
Ова преместување треба да овозможи подиректна координација меѓу техничките проценки и политичкото одлучување на највисоко ниво, надоврзувајќи се на неодамнешното именување на Џеј Клејтон за национален координатор за вештачка интелигенција.

