Close Menu
Press24
    Најново

    Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците

    29.10.2026 во 09:31

    ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи

    29.10.2026 во 09:30

    ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

    29.10.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја
    • Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ
    • Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори
    • Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”
    • Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Гевгелија со нови паркови, реконструирани улици и инвестиции во образованието

    ВМРО-ДПМНЕ: Гевгелија со нови паркови, реконструирани улици и инвестиции во образованието

    13.10.2026 во 09:512 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Гевгелија реализира и продолжува со повеќе инфраструктурни, образовни и комунални проекти, со кои, според ВМРО-ДПМНЕ, се подобруваат условите за живот на граѓаните и се поттикнува локалниот развој.

    Меѓу позначајните проекти се обновата на фасадите и уредувањето на Старата чаршија, реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“ и обновувањето на спортската сала ДТВ „Партизан“. Во употреба е пуштена и новата градинка „Сончогледи“, со капацитет за дополнителни 140 деца.

    Во повеќе населени места се реконструирани и асфалтирани улици, а се инвестира и во водоводната мрежа и канализацијата. Нови урбани паркови се изградени во Гевгелија и Миравци, додека паркот во Негорци е во завршна фаза.

    Општината вложува и во образованието. Учениците во основните училишта добиваат бесплатни униформи, а училиштата се опремуваат со клима-уреди, паметни табли, компјутери и прочистувачи на воздух. Во ООУ „Владо Кантарџиев“ е опремена и сензорна соба за деца со попреченост.

    Отворен е и Дневен центар за стари лица со капацитет од 50 корисници, наменет за социјални, културни, рекреативни и здравствено-превентивни активности.

    Во економскиот дел, во Гевгелија се реализирани инвестиции во Mega Shopping Park и Gevgelija Mall со Vero Jumbo, за кои се наведува дека отвораат нови содржини и повеќе од 400 работни места.

    Меѓу планираните проекти е и уредувањето на зелената површина кај Сува Река, на околу 25.000 квадратни метри. Во рамки на еколошката акција „Да пуштиме корени во Гевгелија“ досега се засадени 14.000 чемпреси.

    Во завршна фаза е и реконструкцијата на старата училишна зграда во Серменин, која треба да се адаптира во туристички информативен центар и простор за настани. Предвидена е и велосипедска патека долга 1.005 метри до манастирот „Св. Илија“.

    Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека проектите во инфраструктурата, образованието, животната средина и социјалната заштита придонесуваат за развојот и модернизацијата на Гевгелија.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците

    29.10.2026 во 09:31

    ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи

    29.10.2026 во 09:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.