Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО+ВИДЕО) Голема меѓународна полициска акција: Разбиена криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

    (ФОТО+ВИДЕО) Голема меѓународна полициска акција: Разбиена криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

    14.08.2026 во 15:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во голема меѓународна полициска акција, која во изминатиот период се спроведуваше координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици, при што се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана.



    Во акцијата од македонска страна учествуваше Министерството за внатрешни работи преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и соработка со мешовити полициски тимови од Косово и Грција. Истражните активности се спроведуваа под водство на надлежните обвинители од Македонија, Косово и Грција.

    Станува збор за меѓународна операција која е резултат на подолготрајна соработка, координација и размена на оперативни информации меѓу полициските и правосудните органи на трите земји.

    Преку заедничкото постапување биле следени активностите на криминалната група, по што биле преземени координирани полициски дејствија за нејзино сузбивање. Во рамки на досегашните активности се уапсени неколку лица за кои постои сомнение дека биле дел од меѓународната криминална група, а запленети се околу 300 килограми марихуана наменета за нелегална трговија. Полициската операција сè уште не е завршена.


    Истражните дејствија продолжуваат во текот на денот во Македонија и Косово, како и во наредниот период, со цел целосно расчистување на случајот, утврдување на улогата на лицата опфатени со истрагата и откривање на сите околности поврзани со функционирањето на криминалната група. Поради тоа што истрагата е активна, дополнителни детали за бројот на опфатени лица, начинот на дејствување на групата и останатите преземени активности се очекуваат по завршувањето на соодветните истражни постапки.

    Акцијата претставува уште една потврда за решеноста на македонската полиција да се спротивстави на организираниот криминал и меѓународната трговија со наркотици, преку сериозен и професионален пристап, оперативна работа и брза размена на информации со меѓународните партнери.

    Борбата против организираниот криминал не завршува на државните граници, поради што соработката меѓу полициските и правосудните институции од регионот останува еден од клучните механизми за откривање и сузбивање на криминалните мрежи кои дејствуваат на територијата на повеќе држави.

    Надлежните институции ќе продолжат со активностите, а повеќе информации за резултатите од операцијата се очекуваат по завршувањето на истражните дејствија.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.