Го повикал да разговараат, па почнал да го допира: 58-годишник осомничен за полови дејствија врз малолетник

 

Повикал малолетник да разговараат во парк, па почнал да го допира по телото. Јавното обвинителство објави дека повело постапка против 58-годишен скопјанец. За него постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете родено 2008 година, со што сторил кривично дело согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

-Во раните утрински часови денеска, осомничениот во парк во една населба го сретнал малолетникот со кого претходно се познавале и го повикал да разговараат, по што започнал да го допира. Малолетникот успеал да се извлече и го пријавил во полиција, велат од Јавното обвинителство.

Судија на претходна постапка му определи мерки на претпазливост, по барање на надлежниот јавен обвинител. Тој нема да смее да го напушти живеалиштето и ќе мора да се јавува кај надлежен државен орган. Одземен му е и пасошот и личната карта за да не може да ја напушти државата, а добил и забрана да комуницира со малолетникот.

 

24.08.2024 - 17:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа