Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси
    • Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година
    • Македонското обвинителство ја зајакнува соработката со Словенечката развојна академија: Акцент на финансиски истраги и ЕУ-реформи
    • Син ми е нападнат од негов соученик – Загрижена мајка пријавила во полиција
    • Погледнете какви температури се измерени ширум Македонија вечерва во 20 часот
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски од Горно Оризари: Дадениот збор се оправдува со работа, завршена е реконструкцијата на улицата и новите терени за жителите
    • Ученик донел пиштол и список за ликвидација во училиште – Лажни вести предизвикале паника во Србија
    • Ѓорѓиевски: Најдено е функционално решение за БРТ-проектот за да се сочува средишното зеленило
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски со апел до скопјани: Платете ги даноците за да избегнете блокади на сметките

    Ѓорѓиевски со апел до скопјани: Платете ги даноците за да избегнете блокади на сметките

    07.04.2026 во 14:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска на седница на Советот одговарајќи на советничко прашање посочи дека во изминатите неколку години наплатата на даноците била на многу ниско ниво, што довело до сериозни финансиски предизвици и последици.

    Тој информираше дека во текот на минатата година биле наплатени околу една милијарда денари по основ на даноци, при што дури 70 проценти од средствата се собрани во месеците по преземањето на новата градска администрација. Според него, тоа е показател дека фискалната дисциплина е значително подобрена.

    Градоначалникот нагласи дека за постигнување на овие резултати биле преземени мерки согласно законот, вклучително и блокади на сметки на должниците.

    Воедно, тој испрати апел до граѓаните навремено да ги подмират своите обврски за 2022, 2023 и 2024 година, со цел да се избегнат нови блокади и присилни наплати во иднина.

    Градоначалникот информираше дека во соработка со UNDP започнува процес на репроценка на данокот на имот, кој ќе претставува обемна операција што ќе се спроведува во повеќе фази. Целта е зголемување на приходите на градот, при што се очекува годишно зголемување од над 30 милиони евра по основ на даноци.

    Во рамки на процесот ќе се врши вкрстување на податоци со Агенција за катастар и недвижности, со цел утврдување на реалната состојба. Првично, репроценката ќе започне во Општина Карпош и Општина Центар каде што е утврдено дека постојат најголеми разлики во наплатата на даноците, а потоа ќе продолжи и во останатите општини.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси

    18.09.2026 во 21:33

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.