Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски по дебатата за ЕПК 2028: Успехот на Скопје нема да се мери само според она што ќе се случи во 2028 година

    Ѓорѓиевски по дебатата за ЕПК 2028: Успехот на Скопје нема да се мери само според она што ќе се случи во 2028 година

    22.05.2026 во 15:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информираше за одржувањето на конструктивна кафе-дебата под наслов „ЕПК 2028 – Културното наследство и современата културна динамика“.

    На средбата учествуваа експерти од областа на културата, универзитетски професори и културни работници кои понудија нови идеи за развојот на главниот град.

    „Денес, на моја огромна чест, одржавме конструктивна и многу плодна дебата со експерти од областа на културата, универзитетски работници и културни работници од кои произлегоа многи идеи. Скопје 2028, титула која ја доби нашиот главен град е пресвртна точка во начинот на кој го замислуваме, чувствуваме и развиваме Скопје.“

    Ѓорѓиевски потенцираше дека културната иднина на градот мора да се гради низ отворен и инклузивен дијалог со сите чинители.

    „Затоа овој процес е отворен, инклузивен и заснован на дијалог. Културната иднина на градот не може да се создава зад затворени врати. Мора да ја градиме заедно со институциите, независната културна сцена, академската заедница, уметниците, младите и граѓаните.“

    Во фокусот на разговорите било и културното наследство, кое според него треба да се поврзе со современите дигитални и урбани трендови.

    „Посебно важно е културното наследство да го гледаме како жив ресурс. Наследството не е само она што го чуваме, туку и она што го разбираме, го оживуваме и го пренесуваме во иднината. Скопје има богати историски, архитектонски, духовни и културни слоеви, кои треба да ги поврземе со современата уметност, јавниот простор, дигиталната култура, образованието, туризмот и новата урбана енергија.“

    Проектот се очекува да донесе нова енергија и ревитализација на јавните простори и независните културни центри.

    „Културната ревитализација е нов живот во институциите, маалата, парковите, музеите, јавните простори и независните културни центри. Кога инвестираме во култура, инвестираме во луѓето, во градот и во неговата иднина.“

    На крајот, тој подвлече дека вистинскиот резултат од оваа престижна титула ќе се рефлектира преку трајните вредности кои ќе останат понатаму за граѓаните.

    „Затоа, успехот на Скопје 2028 нема да се мери само според тоа што ќе се случи во 2028 година, туку според тоа што ќе остане по неа – посилни институции, подобра културна инфраструктура, активни јавни простори, нови партнерства и поголема доверба меѓу градот и граѓаните. Скопје 2028 е наша заедничка шанса. И наша заедничка одговорност.“

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта

    22.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.