Ѓорѓиевски: На Скопје му треба генералка
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за „Слободен печат“ зборуваше за состојбата со јавната хигиена во главниот град, истакнувајќи дека Скопје се соочува со сериозни проблеми во одржувањето на чистотата. Според него, неопходно е системско и трајно решение, наместо привремени мерки кои не даваат долгорочни резултати.
„На Скопје му фали генералка. Состојбата на јавната чистота не е на завидно ниво веќе подолго време. Скопјани се жалат, особено кога е топло, дека контејнерите се преполни. Нефункционален ни е градот од тој аспект, односно нема еден булевар, една улица, едно место, микролокација околу контејнерите која е соодветно исчистена“, изјави Ѓорѓиевски.
„Она што прво му недостасува на градот е да се исчисти, да се направи добра генералка, да се започне со процес каде што ќе се таргетираат сите диви депонии и истите ќе се исчистат за многу кратко време. Но, тоа не треба да се прави по принципот ‘денес ги чисти градот, па за 10 дена повторно исто’, туку долгорочно да се реши проблемот“, нагласи Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека Град Скопје мора да пристапи кон долгорочно решавање на овој проблем, а не само кон привремени интервенции.
Како позитивен пример за ефикасно справување со отпадот, тој ја наведе општината Кисела Вода, каде што значително е подобрен системот за одржување на јавната чистота.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа