Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Нови цени на горивата од полноќ

    21.09.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По 19 години го стигна потерницата: Македонец уапсен на Евзони
    • Утре пристигнува првиот снег во регионот
    • Пред нас свеж ден – УХМР ги измери темепратурите, предупредува за невреме
    • ФОТО: Краделе што им дојде при рака – Еве што изнеле крадците од десетина куќи во тетовско
    • Добри вести утрово: Цената на нафтата падна
    • Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап
    • Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново: 13 полицајци повторно пред Судот
    • Чистка низ Скопје: Отстранети 650 кубни метри отпад
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Ќе ја обединам цела механизација на градот, за 72 часа Скопје ќе биде исчистен

    Ѓорѓиевски: Ќе ја обединам цела механизација на градот, за 72 часа Скопје ќе биде исчистен

    25.10.2025 во 11:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, синоќа гостуваше во емисијата Трилинг на телевизија 24. Ѓорѓиевски истакна дека во моментов Скопје се соочува со најлоша состојба досега. Според него со добра организација проблемите можат брзо да се решат и дека во првите 72 часа ќе се спроведе голема акција за чистење на градот, во која ќе бидат вклучени сите општини, јавни претпријатија и општествено одговорни компании.

    „Треба само добра организација. Немало до сега ваква лоша состојба како што имаме денес, тоа треба да го признаеме, и тоа е фактичка состојба. Но, кога велам за добра организација, јас сметам дека добро знам да ги организирам состојбите и да ги решам проблемите. Во првите 72 часа, како што најавив одговорно тврдам дека градот ќе биде исчистен ќе се направи една голема генералка, во која што нема тоа да го направи само градот туку тука ќе помогнат сите општини, тоа е организација“, вели Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски посочи дека во изминатите четири години немало ниту еден координативен состанок со Градот Скопје, што го оцени како недозволиво. Тој истакна дека како претседател на ЗЕЛС покажал како треба да се соработува во интерес на граѓаните.

    „Ние изминатите 4 години не сме имале  координативен состанок со Градот Скопје. Тоа недопустливо, без разлика кој на која политичка партија припаѓа. Јас како претседател на ЗЕЛС, мислам дека покажав изминативе години, откако ја водам таа институција, како треба да функционираме сите заедно кога станува збор за интересот на граѓаните“, рече Ѓорѓиевски и додаде:

    „Јас во тие 72 часа, освен што ќе ја пуштам целосно на располагање целата механизација на Градот Скопје и јавните претпријатија, тука ќе ги повикам сериозно да се вклучат сите општини, но да се вклучат и општествено одговорни компании, сите ќе излеземе“.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ до Ахмети: Пресудите не се пишуваат во партиско седиште

    21.09.2026 во 09:26

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: „Граѓаните паметат што правеше СДСМ на власт“

    21.09.2026 во 09:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.