Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски ја претстави зелената визија за Скопје: Изградба на мегапарк Лепенец од 300.000 метри квадратни

    Ѓорѓиевски ја претстави зелената визија за Скопје: Изградба на мегапарк Лепенец од 300.000 метри квадратни

    06.10.2025 во 14:483 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска, во рамки на предизборната кампања за претстојните локални избори, го презентираше планираниот проект за изградба на мегапарк долж течението на реката Лепенец на потегот помеѓу Бардовци – Злокуќани – Даме Груев, којшто ќе опфаќа површина од над 300.000  квадратни метри.

    – Со изградба на мегапарк Лепенец ќе го претвориме ова подрачје во современ зелен простор уреден по европски стандарди. Паркот ќе се простира по течението на реката Лепенец на потегот помеѓу Бардовци – Злокуќани – Даме Груев и ќе опфаќа површина од над 300.000 квадратни метри. Тој ќе биде првиот парк што ќе ги поврзува повеќето скопски општини и ќе биде наменет за сите граѓани на Скопје, не само за карпошани. Ќе создадеме нова урбана оаза за рекреација, спорт, семејни активности, со што ќе му го вратиме животот на ова заборавено градско ткиво, посочи Ѓорѓиевски.

    По течението на реката Лепенец, додаде, ќе бидат воспоставени зелени коридори со пешачки и велосипедски патеки кои, како што рече, ќе ги поврзуваат населбите, парковите и јавните институции.

    – Паралелно со тоа планираме воспоставување зелени коридори по целата должина на реката Лепенец со пешачки и велосипедски патеки кои ќе ги поврзуваат населбите, парковите, но и јавните институции. Овој проект ќе го интегрира Лепенец во животот на градот и ќе го претвори во симбол на урбана поврзаност, чиста животна средина и граѓанска гордост пред сѐ, вели Ѓорѓиевски.

    Визијата за зелено Скопје, рече, нема да застане со овие проекти. Тој истакна дека предвидени се проекти за изградба на мегапарк на моменталната дива депонија Вардариште, мегапарк долж булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, како и градска шума во Расадник во Кисела Вода.

    – Предвидуваме и мегапарк Вардариште којшто ќе ги претвори поранешната депонија во европски пример за зелена рекултивација. Градска шума во расадник во Кисела Вода, најголемиот зелен проект во урбаното подрачје. Мегапарк долж булеварот Христијан Тодоровски Карпош, првиот зелен коридор од ваков обем во Бутел, како и проектот Скопски зелен архипелат кој предвидува 50 нови маалски паркови низ сите делови од нашиот главен град, истакна Ѓорѓиевски.

    Дополнително, тој најави и целосна обнова на Градскиот парк во Скопје и Паркот на природата во Гази Баба, кои, како што рече, се двата најголеми еколошки симболи на градот.

    – Во овој дел еден од најважните проекти е изградбата на булеварот Љубљанска, со комплетирањето на делот од завршениот мост до улицата Скупи ќе се воспостави клучна врска помеѓу северниот и западниот дел од градот Скопје. Ова ќе овозможи подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и индустриската зона, ќе се растовари метежот на булеварите Партизански одреди и Илинденска и ќе се овозможи побрз и побезбеден проток кон обиколницата, посочи Ѓорѓиевски.

    Вели потребна е забрзана доизградба на клучката Момин поток, со која, според него, би се деблокирала една од најоптоварените сообраќајни крстосници во Скопје и би се овозможило поврзување на северозападниот дел на Скопје со централните индустриски зони. 

    – Приоритет ќе биде, исто така, и реконструкцијата на улицата Загребска, која што е од витално значење за функционирањето на Детската клиника Козле. Оваа улица не е само пристап за жителите, туку и за возилата на итната медицинска помош, што ја прави нејзината санација прашање од јавен итнерес, но пред се за безбедност, посочи Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.