Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Со стручна поддршка и социјална активност ја зајакнуваме благосостојбата на пензионерите во Центар

    Герасимовски: Со стручна поддршка и социјална активност ја зајакнуваме благосостојбата на пензионерите во Центар

    10.12.2025 во 14:471 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Општина Центар се одржа втората работилница посветена на предизвиците на лицата од третото доба, организирана од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, во просториите на урбаната заедница „Мирче Мацан“.

    На работилницата на тема „Уметност на благосостојбата: Наоѓање рамнотежа и сила во секојдневието“ беше прикажан краткиот филм „Шарац“, по што пензионерите имаа можност да поставуваат прашања и да добијат експертски совети од професор д-р Софија Георгиевска од Институтот за социјална работа и социјална политика.

    Ваквите работилници се пример за вистинска подршка и помош за социјализација на поврозрасните жители, смета градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски

    Според него, третото доба носи тежок товар, особено за оние кои некогаш имале богат социјален живот и затоа ваквите обуки и дружења се потребни, особено  кога на нив учествуваат и стручни  лица.

    На работилницата во фокус беше  активното живеење, здравата исхрана, социјалната поврзаност и грижата за менталното здравје на повозрасните центарци.

     На крајот, секој од учесниците даде свој предлог за „мала храбра промена“ што може да ја направи  во текот на оваа недела, нешто мало, но значајно за личната благосостојба.

    Општина Центар продолжува со активности кои ја поддржуваат достоинствена старост на своите повозрасни жители.

    Вработените во Комунална хигиена и Паркови и зеленило ја завршуваат годината со половина плата
    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.