Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР со детали за тепачката на скопскиот аеродром – познат идентитетот на лицата
    • Хорор утро за вработен на бензинска пумпа во Гази Баба
    • Пукање во Арачиново
    • Се огласија од ОЈО за ГОКК за денешната акција: Во тек се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации во Македонија
    • Божиновска: Ако цените на горивата продолжат да растат ќе преземаме нови мерки
    • Страшна несреќа во Струмица: „Ренџ ровер“ усмрти пешак
    • Инцидент на „Октобер Фест“ во Ѓорче Петров: Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец, па почнал да го удира по раце
    • Кривична пријава за скопјанец: Кај „Мост Радика“ запленети над 16 килограми нелегален тутун
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

    Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

    16.10.2025 во 13:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски, во новата програма најави обуки, едукација и волонтерски ангажман за младите центарци кои се невработени или немаат соодветно образование и професионален тренинг.

    „На овие млади луѓе ќе им помогнеме да стекнат нови знаења и вештини и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот на труд. Дополнително, во соработка со партнерски организации, ќе им обезбедиме поддршка при вработување и практикантство,“ истакна Герасимовски.

    Тој посочи дека во општината веќе се ангажирани практиканти, студенти и апсолвенти, кои своето прво работно искуство го стекнуваат во различни општински сектори. Практикантите примаат месечен надомест од 15.000 денари, а по шестмесечниот ангажман добиваат официјална потврда за потребите на факултетот.

    „Практикантството е одлична можност младите да се изградат како професионалци и, доколку сакаат, во иднина да станат дел од локалните процеси,“ додаде Герасимовски, најавувајќи продолжување на овој успешен проект и во наредниот период.

    Општина Центар за младите доделува и субвенции за возачки испит. Поддршката изнесува 10.000 денари за теоретска и практична обука, за сите млади кои годинава наполнија 18 или 19 години.

    „Со оваа мерка им овозможуваме на младите да се стекнат со возачка дозвола, да станат поконкурентни на пазарот на труд, да ги зголемат своите можности за вработување и безбедно да учествуваат во сообраќајот,“ рече градоначалникот.

    Младите исто така можат да добијат финансиска поддршка за купување велосипед или е-велосипед, тротинет и дополнителна опрема, со што се поттикнува користење на здрави и еколошки навики.

    Герасимовски истакна дека во рамките на општината активно функционира и Младинскиот центар „Матично“ како простор за учење, поврзување и вклучување на младите во различни активности.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, а е против дата центри, рудници и нови работни места

    21.09.2026 во 12:13

    ВРЕДИ до Ахмети: Пресудите не се пишуваат во партиско седиште

    21.09.2026 во 09:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.