Изреволтирани граѓани од Кисела Вода реагираат на оштетено детско игралиште на булеварот „Борис Трајковски“, спроти Општина Кисела Вода.

Фотографии од состојбата на игралиштето се објавени на Фејсбук-страницата „Кисела Вода – Пријави проблем“, каде граѓаните укажуваат дека игралиштето и претходно било оштетувано и неколкупати поправано.

Според реакциите на граѓаните, дел од оштетувањата повторно настануваат поради несовесно однесување и кршење на реквизитите од страна на деца и млади кои го користат игралиштето.

Анета Велјановска, Кисела Вода- Пријави Проблем

-„Моментално вака изгледа игралиштево… Жалосно. Неколку пати се поправаше, сè е за ништо. Културата доаѓа првенствено од дома. Дно дна…

Ќе се осакати некое дете, па после ќе биде кој е крив, кој ќе одговара… Резил!

Една работа да ви кажам – следен пат викам полиција и нема да си заминам додека не дојде родител, старател на вакво дете.

Мајка сум на шест деца, имам огромна стрпливост.

Поздрав и разговарајте со децата.“, напиша жителка на Кисела Вода која ги сподели фотографиите во групата на Фејсбук.

Граѓаните апелираат да се зачува јавниот простор и поставените реквизити, со цел игралиштето да остане безбедно и функционално за најмладите.

-Камери и казни, е еден од коментарите на постот.

-Се е ова од децата кои доаѓаат по 23 часот тука, стои во друг коментар.

Exit mobile version