Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Капетановиќ на Самитот на Берлинскиот процес: Време е регионалните ветувања да се претворат во напредок
    • Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана евроинтеграција
    • Неполн месец по вселувањето – вода протекува низ ѕидовите во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
    • ПИОМ: Податоците на граѓаните се сигурни, голем дел од утврдените пропусти веќе се надминати
    • Шокантен инцидент во Малезија: 16-годишен ученик со секира нападна наставничка, нападот го пренесувал во живо на интернет
    • Сали со Боланд за учеството на граѓаните и социјалните партнери во европската интеграција
    • Димитриеска-Кочоска го презентираше вториот ребаланс на Буџетот: Приходите и расходите се намалуваат за 5,3 милијарди денари
    • Минчев се сретна со новиот грчки амбасадор Малукос: Фокус на реформите и Академијата за стручно усовршување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Стаменкоска Трајкоска: Започна голема координирана акција за чистење и кастрење на зеленилото во Кисела Вода

    (ФОТО) Стаменкоска Трајкоска: Започна голема координирана акција за чистење и кастрење на зеленилото во Кисела Вода

    02.12.2025 во 10:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од утрово, во координирана заедничка акција на Општина Кисела Вода, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, се спроведува големо чистење на јавните површини на територијата на општината. Акцијата го опфаќа потегот од крстосницата помеѓу „Народни херои“ и бул. „Борис Трајковски“ до кружниот тек во населбата Драчево.Со помош на метли, тримери и телескопски пили, се чистат зелените појаси, се кастрат гранки и се коси нараснатата тревна површина, а тротоарите и коловозите се метат со специјални метларки. Во рамки на акцијата, преку Секторот за месна самоуправа, Општина Кисела Вода ангажираше 40 сезонски работници кои активно се вклучени на терен.


    -Хигиената во Општина Кисела Вода мора и ќе биде на високо ниво. Ваквите координирани акции ќе станат редовна пракса, бидејќи грижата за јавниот простор е наша обврска и одговорност. Денес на терен се вклучени сите -општинските служби, јавните претпријатија и сезонските работници, затоа што кога работиме заедно, ефектите се очигледни и опипливи. 

    Но, грижата за чиста и уредна општина не завршува тука. Ги повикувам граѓаните да внимаваат на хигиената, да не фрлаат отпад и да се однесуваат одговорно, затоа што Кисела Вода е нашиот дом. Грижата за чистотата е грижа за самите себе, за нашето здравје и за квалитетот на животот кој сите го заслужуваме- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

    Прочитај повеќе

    Градоначалникот Ѓорѓиевски на појадок со стопанствениците од индустриска зона ,,Пинтија”

    22.10.2026 во 14:24

    Утре од 8 часот наутро посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје: Се затвораат повеќе улици

    22.10.2026 во 13:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.