(ФОТО) Споменик висок над 20 метри во чест на УЧК свечено ќе се отвори на 2 мај во Слупчане

Споменик вреден 200.000 евра и висок над 20 метри ќе биде свечено откриен во кумановското село Слупчане, а кој ќе биде посветен на борците на УЧК.

Изградбата на овој споменик беше најавена уште минатата година на 2 мај, односно на денот кој партијата на Али Ахмети, ДУИ, го слави како Ден на бранителите.

- Овој споменик е во спомен на паднатите борци, на ОНА, на мајките, жените и на сестрите од овој реон – рече лани Ахмети.

Токму на 2 мај годинава ќе биде свечено отворена таканаречената „спомен кула“. Настанот на Фејсбук го најави градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, од ДУИ.

- За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот“, пишува Арифи.

29.04.2022 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега