Речиси 600 сребрени прстени биле откриени при царинска контрола на граничниот премин Блаце. Накитот, со вкупна тежина од 1,7 килограми, бил скриен под седиштата во автомобил, со цел да се избегне плаќање на увозните давачки.

ФОТО: Царина
Царинските службеници ги заплениле 595-те прстени, а против лицето ќе биде поведена соодветна постапка.
Целиот случај бил снимен со телесните камери на царинските службеници.