Повеќечасовни чекања и долги колони возила ги пречекаа патниците на граничниот премин Табановце, на излезот од Македонија кон Србија.

Според сведоштвата на граѓаните кои се наоѓаат на лице место, движењето на возилата на одредени делници е целосно блокирано, а чекањето во колоната трае со часови.

Патниците посочуваат дека дополнителен проблем на граничниот премин прави и почетокот на примената на системот „Safe City“ (Безбеден град) во земјава.

Со овој систем автоматски се евидентираат и обработуваат сообраќајните прекршоци.

Според нивните тврдења, воведувањето на новиот систем предизвикало дополнителни застои, бидејќи надлежните служби не биле целосно подготвени за новиот начин на работа.

Exit mobile version