Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер, на која беа потврдени одличната соработка и заедничката посветеност кон унапредување на владеењето на правото и европската интеграција на земјата.
Министерот Шасивари ја истакна целосната подготвеност на Министерството за правда за забрзано спроведување на реформите согласно препораките на Европската комисија и обврските поврзани со Кластер 1 – Фундаментални вредности.
„Франција е наш значаен партнер во процесот на европска интеграција. Остануваме целосно посветени на реформите во областа на владеењето на правото и на исполнувањето на европските стандарди“- порача министерот Шасивари.
Особено беше истакната француската поддршка преку експертскиот ангажман на Сесил Марони, која обезбедува стручна поддршка на Министерството за правда во процесот на европска интеграција.
На средбата беше разговарано и за соработката во областа на климатската и еколошката правда, во рамките на регионалниот проект „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence).
Континуираната експертска и институционална поддршка ќе придонесе кон создавање поефикасен и подостапен правосуден систем за граѓаните.
- Мицкоски се сретна со чешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка – во фокусот на средбата евроинтеграциите
- УХМР со најнови податоци: Скопје, Велес и Демир Капија меѓу најтоплите градови во 14 часот
- Драма во Тетово: Се обиделе да одземат полициско оружје откако ги фатиле на дело со дрога
- Филипче: Подготвени сме за избори
- ОЈО ГОКК донесе одлука: Нема кривично дело во набавката на 19-те модуларни болници
- СВР Велес го расчисти случајот со уништување опрема во училишниот двор на „Васил Главинов“, сослушани двајца малолетници
- ЦУК со пресек до 13 часот: Гори на осум локации
- Шасивари – Ле Риголер: Француската поддршка, клучна за реформите и европската интеграција


