Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода ја потврдува својата силна поддршка за семејствата со деца во основното образование. Обезбедени се бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5500 ученици.

Дополнително, секое прваче кое оваа есен за првпат ќе седне во училишните клупи, од Општина Кисела Вода ќе добие бесплатно ранче опремено со неопходниот училишен прибор.

Овие мерки претставуваат директна институционална поддршка за значително олеснување на семејните буџети.

-Децата се нашата најисплатлива инвестиција. Со обезбедувањето на бесплатни униформи за сите 5500 основци од нашите основни училишта, како и комплетно опремени ранчиња за нашите првачиња, ние директно го штитиме и олеснуваме семејниот буџет. Преку овие системски чекори се креира образовен амбиент ослободен од социјални разлики, во кој единствениот фокус на учениците останува воспитно-образовниот процес и нивната лична надградба. Сакаме родителите да бидат спокојни, а секое дете да се чувствува подеднакво вреднувано, достоинствено и прифатено. Општина Кисела Вода останува стабилен партнер на секое семејство, континуирано креирајќи мерки кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите наши жители- изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Exit mobile version