Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Големо невреме го зафати Охрид, граѓаните да се воздржат од движење

    (ФОТО) Големо невреме го зафати Охрид, граѓаните да се воздржат од движење

    21.11.2025 во 15:531 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Екипите на јавни претпријатија на Општина Охрид постојано се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи од дожд, кои го зафатија охридскиот регион во изминатите неколку дена, соопштија од Општина Охрид.

    „Се работи на неколку локации низ градот каде што имаше поплавување на улици и јавни површини, предизвикани од излевање на водотеци и атмосферска канализација. Во делови од градот, водата достигна повисоко ниво, поради што беше неопходно испумпување за да не се предизвикаат штети врз објектите.

    Покрај справувањето со поплавените површини, екипите на јавните претпријатија интервенираа и на неколку локации каде што силниот дожд и ветерот предизвикаа пад на дрвја, со што беа блокирани делови од јавните површини.

    Општина Охрид упатува апел до граѓаните да се воздржат од движење низ ризични подрачја каде што има зголемено ниво на водата и да пријавуваат критични состојби кај соодветните надлежни служби“, стои во соопштението.

    Сликите од невремето може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.