Заменик-министерот за правда на Република Македонија, Ален Деребан, учествуваше на Глобалната тркалезна маса на ОЕЦД за еднаков пристап до правдата, што се одржува во Истанбул, каде што ги истакна реформските приоритети на државата за поефикасно, подостапно и подобро поврзано правосудство.
Деребан посочи дека меѓу клучните приоритети се дигитализацијата на правосудниот систем, унапредувањето на институционалната координација и постигнувањето конкретни резултати што ќе значат подобри услуги и полесно остварување на правата за граѓаните.

