Close Menu
    Најново

    Во гајба за леб пронајдена кафеава прашкаста материја во „Затвор – Идризово“

    04.12.2025 во 21:05

    Избувна пожар во близина на „Пивница“ на скопско Кале – eкипите на терен

    04.12.2025 во 20:48

    УМС и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со акцент на превенција и заштита од насилство

    04.12.2025 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Во гајба за леб пронајдена кафеава прашкаста материја во „Затвор – Идризово“
    • Избувна пожар во близина на „Пивница“ на скопско Кале – eкипите на терен
    • УМС и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со акцент на превенција и заштита од насилство
    • Важно е да ја подигнеме свеста за што е потребна координирана реакција од сите општествени чинители
    • Уапсена АИ министерката Диела – ја фатиле како прима мито
    • Густа магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
    • По две години пауза: Орце дава пари за инвертер клима уреди
    • Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален БДП по глава на жител од 10.500 долари
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » (ФОТО) Голема акција на Царина: Запленети 160 штеки цигари, 100 кг. ветеринарни препарати, регистарски таблички

    (ФОТО) Голема акција на Царина: Запленети 160 штеки цигари, 100 кг. ветеринарни препарати, регистарски таблички

    21.10.2025 во 11:43
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Мобилни царински тимови во изминатите денови спречија повеќе прекршочни дела при што запленети се, 160 штеки цигари, 1.512 метри квадратни теписи, 100 килограми препарати за добиток, 665 парчиња гелови за нокти, три комплети германски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, 80 парчиња облека со потпис на познати трговски марки, девизи и очила за сонце, соопштија од Царината.

    Обидот за шверц на 160 штеки цигари е откриен при контрола на автобус кој сообраќал на релација Скопје – Истанбул – Скопје, на излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Цигарите биле сокриени во делот за вентилација, како и во картонски кутии под еден ред пластични чаши со вода сместени под повеќе седишта и во  неколку торби и куфери во просторот за багаж. Непријавените цигари биле во сопственост на возачот на автобусот, македонски државјанин, против кого е поведена прекршочна постапка.


    На граничниот премин Богородица мобилен царински тим при контрола на камион откри и спречи обид за нелегален внес на 100 килограми ветеринарни препарати и додатоци за исхрана за добиток. По извршена контрола со мобилен скенер, биле забележани неправилности во кабината на возилото, по што бил извршен деталeн преглед. На креветите во кабината биле пронајдени 100 килограми Tonisity Px и 7,5 литри Neo Boost – препарати наменети за исхрана и поддршка на растот кај прасињата и свињите. Станува збор за производи под ветеринарно-санитарна контрола, за чиј увоз е потребна посебна дозвола издадена од Агенцијата за храна и ветеринарство. Возачот, македонски државјанин, не поседувал соодветна документација за стоката. Против него е поведена прекршочна постапка, а пронајдените производи се привремено задржани за понатамошна постапка.

    При личен претрес на македонски државјанин, кој патувал со автобус за Берлин на излез од државата на граничен премин Табановце пронајдени се седум илјади евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени две илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а останатите се задржани.  

    Осумдесет парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки се запленети поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на камион на влез во државата на граничниот премин Богородица. Камионот бил натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за фирма од Косово.

    Очила за сонце со вредност од околу 60 илјади денари, се пронајдени под предните седишта на минибус со македонски регистарски таблички, откако претходно биле забележани неправилности при контрола извршена со мобилен скенер.  Минибусот, управуван од македонски државјанин, бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце.

    Службата за мобилен скенер на граничен премин Богородица откри обид за криумчарење на мигранти, државјани на Сиера Леоне, Египет и Екваторска Гвинеја. Случајот е откриен при контрола на товарно возило со влекач со косовски регистарски таблички и приколка со македонски регистарски таблички. При извршен физички преглед се откриени пет мигранти. Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.  

    665 парчиња гел за нокти се откриени во кабина на камион на влез во државата на граничниот премин Табановце. Геловите за нокти се запленети, а против сторителот кој се обидел да ги шверцува во државата без да ги пријави и за нив да плати давачки кон државата се води соодветна постапка.

    На граничниот премин Блаце мобилен тим откри три комплети германски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, пронајдени во внатрешните делови од јакните на тројца македонски државјани кои се пријавиле за излез од државата. Лицата не поседувале документи кои би докажале дека возилата на кои припаѓале табличките се ставени во пропишана царинска процедура. Со тоа, тие се обиделе да пуштат возила во слободен промет без да бидат платени увозни давачки. Против нив е поведена соодветна постапка, а табличките и сообраќајните дозволи се запленети.

    При контрола на стока со потекло од Турција наменета за фирма од Тетово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Тетово, мобилен тим откри 1.512 метриквадратни теписи, кои не биле опфатени со царинските документи.

    Популарно

    Јаневска: Учениците подолго време ќе остануваат во училиште

    04.12.2025 во 15:48

    Екс-градоначалникот на Струмица, Костадинов заработи кривична – направил злоупотреба при набавка на електрични автобуси вредни 430 милиони денари

    04.12.2025 во 12:37

    СДСМ: Новите бомби ја стресоа Власта на Мицкоски

    04.12.2025 во 16:43

    Груевски: „Ко о чему, Заев и Филипче о поштењу“ – Заев тргува со руско железо, а со Филипче се обиделе да протуркаат фирма за увоз на ковид-вакцини

    04.12.2025 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.