Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Франција и Словачка отстранија руски олигарси од санкциите на ЕУ
    • Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата – камен-темелник се очекува следната година
    • Голема трагедија: Две девојки од Сараево загинаа откако „голф“ излета во клисура
    • Клековски открива: Во центарот на акцијата против криминалната група се суплементи за потенција
    • Мицкоски од Њујорк: Со САД градиме партнерство засновано на доверба, почит и конкретни резултати
    • Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
    • Портокалово предупредување за Халкидики: Силни бури, чести молњи и можен град од рано во вторник
    • Приведен 71-годишник: Се заканувал и ја навредувал неговата 63-годишна сопруга
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Алиу: Обезбедена е хипербарна комора во ГОБ „8 Септември“

    (ФОТО) Алиу: Обезбедена е хипербарна комора во ГОБ „8 Септември“

    27.10.2025 во 12:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу и заменик министерот Јовица Андовски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски денес ја посетија ГОБ „8 Септември“, каде беше направен увид на новата хипербарна комора. Опремата е обезбедена со поддршка од компанијата „Зегин“, во рамки на заеднички проект со болницата.

    – Хипербарната кислородна терапија им помага на пациентите со хронични рани и рани кои тешко заздравуваат, како што се дијабетично стапало, изгореници, состојби со нарушена микроциркулација и други индикации што ги третираат повеќе медицински специјалности. Упатувам искрена благодарност до компанијата за нејзината општествената одговорност, како и до менаџментот и медицинскиот персонал на болницата за професионалната подготовка и интеграција на комората во системот на болничко работење, истакна министерот Алиу при посетата.

    Комората е поставена во одделот за физикална терапија и рехабилитација, а ќе биде на располагање и за одделите за пластична хирургија, дерматологија и останати болнички оддели, согласно потребите и медицинските индикации.  

    -Ова е пример како со партнерства можеме да ја унапредиме јавната здравствена инфраструктура од аспект на модерна опрема која ќе го зголеми квалитетот на услугите кои ги добиваат пациентите. На овој начин директно влијаеме врз исходите на лекувањето, го намалуваме ризикот од компликации, престојот во болница и трошоците, а на пациентите им даваме поголема шанса за побрзо и поквалитетно оздравување, посочи Алиу.

    Прочитај повеќе

    Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата – камен-темелник се очекува следната година

    21.09.2026 во 21:35

    Клековски открива: Во центарот на акцијата против криминалната група се суплементи за потенција

    21.09.2026 во 21:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.