Вчера во 10:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.Ш. (34) од село Чегране, поради сомнение за обид за разбојништво истиот ден во 09:40 часот во финансиско друштво во Гостивар.

Според пријавата на вработената, маскирано лице влегло во објектот и со закана со пиштол побарало пари, но по активирањето на паник-тастерот, се дал во бегство, информираа од гостиварската полиција. 

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. 

Exit mobile version