Ученици од СОУ „Јосип Броз Тито“ од Скопје денеска ќе го посетат Собранието на Република Северна Македонија во рамки на едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт.
Станува збор за иницијатива наменета за средношколци од целата држава, која претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието.
Целта на активноста е младите да се запознаат со работата на законодавниот дом и со начинот на донесување закони, со што се поттикнува нивната свест за демократијата, како и нивната општествена и политичка ангажираност, информираат од собраниската прес-служба.


