Денес времето ќе биде променливо облачно, во западните региони со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места ќе има услови за снег. Ќе дува умерен ветер од североисток, кој на моменти може да засилува. Минималната температура ќе се движи од -2 до 4 степени, додека максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје се очекува променлива облачност со сончеви интервали. Ветерот ќе биде слаб до умерен од североисточен правец. Утринската температура ќе падне до околу 2 степени, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Според УХМР, во наредните денови ќе продолжи променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер, а утринските температури на некои места ќе паѓаат под нулата.

Exit mobile version