Close Menu
Press24
    Најново

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка

    31.10.2026 во 09:45

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филмска кражба: Деветте запленети пиштоли на „Богородица“ биле украдени од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје

    Филмска кражба: Деветте запленети пиштоли на „Богородица“ биле украдени од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје

    16.01.2026 во 14:22Updated:16.01.2026 во 14:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 9 службени пиштоли кои биле предмет на  кривично дело – Тешка кражба извршена на 5 јануари од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје се пронајдени во автомобил „Шкода октавија“ сопственост на правно лице од Прилеп при царинска контрола на граничниот премин „Богородица“.

    Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Прилеп кој на 14 јануари го изнајмил возилото од компанијата и со него се обидел преку граница да ги пренесе полуавтоматските пиштоли, скриени во фабричкиот простор помеѓу лимот и тапацирот на автомобилот.

    По сериските броеви е утврдено дека станува збор за оружјето кое претходно било украдено од службените простории на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и регистрирано како службено оружје на обезбедувањето во скопското претпријатие.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    На следниот ЛИНК може да го погледнете видеото и фотографиите од заплената на пиштолите.

    Прочитај повеќе

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.